Мајами предводен од одличниот Џими Батлер го елиминираше Милвоки со вкупен резултат од 4:1 во првата рунда од доигрувањето.
Во петиот натпревар Мајми победи со 128:126 по продолжение, а во овој натпревар одличен беше Џими Батлер кој го заврши натпреварот со 42 постигнати поени. Овој резултат е голема сензација затоа што Мајами беше осмопласирана екипа на Истокот, додека Милвоки заврши како првопласиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така Мајами стана само шеста осмопласирана екипа која во плеј-офот успеала да елиминира првопласиран тим. Последен пат тоа се случи во 2012 година кога Филаделфија во 2012 година го победи Чикаго. Батлер покрај 42 постигнати имаше и клучен момент на натпреварот кога постигна кош за иизрамнување на половина секунда пред крајот и го одведе мечот во продолжение.
Во втората рунда, Мајми ќе игра против Њујорк Никс кој во пет натпревари беше подобар од Кливленд.
Мемфис на свој паркет го победи ЛА Лејкерс со 116:99 и така избегна елиминација намалувајќи на 3:2 во серијата. Дезмонд Бејни беше најефикасен со дабл-дабл од 33 поени и 10 скока. Ентони Дејвис го заврши натпреварот со 31 поен и 19 скока.
На гостински терен Голден Стејт го победи Сакраменто 123:116 и сега е пред пласман во полуфиналето со предност од 3:2 во серијата.