Дома Останати Сензација во Мелбурн: Елиминиран Роџер Федерер!

Сензација во Мелбурн: Елиминиран Роџер Федерер!

Денес го видовме првото големо изненадување на Австралија Опен, откако беше елиминиран еден од главните фаворити за титулата, Роџер Федерер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бранителот на титулата од минатата сезона беше елиминиран од Стефанос Циципас со 3:1 во сетови, 7-6/, 6-7/, 7-5, 7-6.

Федерер имаше добар сервис и спаси неколку брејк топки, за за разлика од Гркот кој не дозволи да загуби гем на негов сервис.

Трите сета заминаа во тајм брејк, а 18 години помладиот тенисер беше поуспешен и направи големо изненадување на Австралија Опен.

Циципас во наредното коло ќе игра со Шпанецот, Роберто Баутиста Агут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Зверев: Ѓоковиќ има повеќе од 400 милиони – мислите дека му е гајле?

Германскиот тенисер Саша Зверев беше запрашан за можноста од казнување на играчите кои не …