Дома Трансфер зона Сензацијата на повидок: Санчез ги договорил условите со Јунајтед!?

Сензацијата на повидок: Санчез ги договорил условите со Јунајтед!?

„Како гром од ведро небо“ во текот на вчерашниот ден се појави веста дека Манчестер Јунајтед ќе тргне по потписот на Алексис Санчез, а денес пристигнуваат и нови информации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Санчез уште од финишот на минатиот преоден рок се поврзвуваше со трансфер во редовире на Манчестер Сити, но работите изгледа се променија за само еден ден. Сега како прв фаворит за доведување на Чилеанецот се истакнува големиот градски ривал на „граѓаните“, Манчестер Јунајтед.

Денес, „Скај Италија“ пренесува дека напаѓачот на Арсенал ги договорил личните услови со тимот на Жозе Мурињо и сега преостанува да биде постигнат договорот помеѓу двата англиски гиганти.

Доколку, трансферот биде реализиран и Санчез се пресели на „Олд Трафорд“ сигурно дека би бил најизненадувачкиот трансфер во овој преоден рок, барем до овој момент. Да потсетиме, договорот на Чилеанецот со „топчиите“ истекува на крајот на оваа сезона, а понудата која се очекува да ја испратат „ѓаволите“ изнесува помеѓу 20 и 25 милиони фунти, а во некои медиуми се пишуваше и дека Мурињо би можел да го вклучи и Хенрик Микхатријан.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…