Рускиот тенисер Аслан Каратсев направи голема сензација со пласманот во полуфиналето на Австралија Опен.
Каратсев кој е 114. тенисер во светот дојде до полуфиналето откако го совлада Грегор Димитров со 3:1 во сетови. Рускиот тенисер е најголема сензација на овогодинешното издание на Австралија Опен, а во полуфиналето ќе игра против првиот носител Новак Ѓоковиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Русинот живее вистинска бајка во Мелбурн и самиот податок дека во Мелбурн за 10 дена заработи повеќе отколку цела негова кариера претходно доволно зборува.
Во досегашната кариера тој заработи 618.354 долари, додека во
Мелбурн со досегашните резултати до сега инкасираше 662.000 долари. Ако успее да направи нова сензација и да го победи Ѓоковиќ ќе заработи уште неверојатни 1.17 милиони долари.
Каратсев е главна тема затоа што „до вчера“ беше анонимен тенисер кој започна од квалификациите и навистина заслужи да се зборува за него.