Дома Фудбал Англија Сензационална изјава на Фабрегас – сака да се врати во Арсенал!

Сензационална изјава на Фабрегас – сака да се врати во Арсенал!

fabregas

Шпанскиот фудбалер даде интервју за реномираната „Марка“ за која повторно зборуваше за случувањата од пред неколку години кога од Барселона премина во Челзи.

Фабрегас тогаш одлучи да ја напушти Барселона бидејќи не беше задоволен со минутажата, а се веруваше дека би можел да се врати во Арсенал. Меѓутоа, овој играч за врска на крајот заврши во Челзи иако во минатото даваше изјави дека не би заиграл за тој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа тема повторно се најде во центарот на вниманието откако Фабрегас даде интервју за „Марка“. Тој сега тврди дека не би имал ништо против да се врати во Арсенал и дека тој клуб засекогаш ќе биде во неговото срце.

„Арсенал секогаш ќе биде во моето срце и никогаш не нема да го заборавам тоа што го поминав играјќи за тој клуб. Ако некогаш ми се пружи шанса секако дека би сакал да се вратам таму. Никогаш не се знае. Во тој клуб ги поминав најубавите моменти во кариерата“, изјави Фабрегас.

https://www.youtube.com/watch?v=bZk7HAxNGV4

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го сруши рекордот на Серхио Агуеро: Заигра професионален фудбал на 14 години!

Фудбалерот на Депортиво Риестре Матео Аполонио стана најмладиот професионален фудбалер во …