Англиските медиуми утринава јавуваат дека Реал Мадрид на адресата на ПСЖ ќе испрати понуда тешка 350 милиони евра за Нејмар.
Нејмар минатото лето си замина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, а само за година дена тој трансфер би можел да го сруши Реал Мадрид, односно Флорентино Перез кој не крие дека бразилскиот репрезентативец му е најголема желба ова лето. Перез е подготвен и да ризикува со платата на Роналдо, дури и да го продаде за Нејмар да пристигне на „Бернабе“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, Нејмар во својот договор со ПСЖ има таква клаузула за да може да си замине за повеќе од 300 милиони евра, но не пред 1. септември оваа година, што значи дека по завршување на трансфер периодот. Така Нејмар во најдобар случај во Реал би можел да се пресели во јануари следната година.
На Реал му се потребни огромни пари за вакво нешто. Покрај тие 350 милиони, Нејмар би требал да заработи во клубот околу 40 милиони евра годишно. Толку бара и Роналдо, а Перез ќе мора да се одлучи само за еден.