Дома Останати Тенис Секој освоен поен на Ѓоковиќ во 2018 му вредел скоро 1.900 евра!

Секој освоен поен на Ѓоковиќ во 2018 му вредел скоро 1.900 евра!

djokovic

Новак Ѓоковиќ повторно е на врвот на АТП листата и таму ќе ја завршу годината.

Српскиот тенисер во 2018 година заработи 11 милиони долари од турнирите што е далеку повеќе од Рафаел Надал, Роџер Федерер и Александар Зверев.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѓоковиќ во 2018 година одиграл вкупно 10.628 поени од кои добил 5.796 или 54.5%. Така можеме да дојдеме до заклучок дека за секој освоен поен Новак добил по точно 1.897 евра.

Интересно е што Рафаел Надал кој играше помалку има најдобар процент на освоени поени.

Шпанскиот тенисер освоил вкупно 55.4% од поените. Одигра вкупно 7.728 поени, а доби 4.281.

Надал е најдобар во уште една категорија, по процентот на победи. Навистина, играше помалку поради повредата, но тоа не го менува фактот што доживеа само четири порази, додека 45 триумфираше. Неговиот процент на победи изнесува 91.8%.

Роџер Федерер е втор со скор од 48:10 што со што има процент од 82.8’, додека Ѓоковиќ е трет со 53:12 или процент од 81.5%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…