Дома Фудбал Секое чудо за три дена: Условната затворска казна на Меси се претвори во паричен надоместок

Секое чудо за три дена: Условната затворска казна на Меси се претвори во паричен надоместок

Условната затворска казна од 21 месец поради затајување на данок на фудбалерот на Барселона, Лео Меси се претвори во паричен надоместок од 252.000 евра, соопшти денес судот во Барселона.

Лео Меси и неговиот татко Хорхе во јули изминатата година беа обвинети дека затаиле 4,1 милиони евра стекнати од продажбата на правата на фотографиите на фудбалерот на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меси доби условна затворска казна од 21 месец, а неговиот татко од 15 месеци, но според шпанскиот закон, казната помала од две години може да се отслужи како условна, па Меси и неговиот татко не заминаа во затвор.Неговиот татко инаку е санкциониран со 180.000 евра.

Најголемата ѕвезда на Барселона, Меси оваа недела потпиша нов договор со каталонскиот клуб, а неделно ќе прима 570.000 евра, што значи дека би требал да работи дури три дека, за да ја исплати казната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…