Милан ја заврши турбулентната сезона со пласман во Лига Европа, иако на почетокот „росонерите“ имаа поголеми амбиции после потрошените 230 милиони евра на засилувања.
Италијанските медиуми пренесуваат дека за неколку фудбалери натпреварот против Фиорентина во недела ќе биде последен во дресот на Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пишува „Скај Спорт“, дури седум фудбалери можат да го напуштат Милан ова лето, а станува збор за Џанлуиџи Донарума, Игнацио Абате, Рикардо Монтоливо, Кристијан Запата, Лука Антонели, Сусо и Никола Калиниќ.
Абате, Монтоливо, Запата и Антонели беа малку користени оваа сезона, додека Калиниќ не ги оправда очекувањата.
Директорот на Милан во неколку наврати напомена дека клубот нема потреба да ги продава најдобрите фудбалери, но ситуацијата со Донарума и Сусо е проблематична.
24-годишниот Шпанец има откупна клаузула од 40 милиони евра, пд доколку се договори со некој друг клуб кој е спремен да ја плати таа сума, Милан ќе биде немоќен.
Од друга страна 19-годишниот Донарума го наруши односот со навивачите и во последно време направи неколку големи киксови, но Милан за неговиот потпис бара најмалку 60 милиони евра.