Во седмото коло од Ендеса лигата тимот на Хувентуд славеше победа против бранителот на титулата во Шпанија, Басконија.
Хувентуд славеше со 83:82. Со звукот на сирената Баасас погоди тројка која беше петта за него од шест обиди за конечниот резултат. Против бранителот на титулата во Шпанија Хувентуд има скор од пет победи и два порази.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со седум поени за нешто повеќе од 14 минути поминати на теренот. Шут од игра имаше 2/11 и 3/3 од линијата за слободни фрлања. Покрај тоа додаде два скока и две асистенции.
Следното коло на 30. октомври Хувентуд ќе гостува кај Фуенлабрада.