Дома Фудбал Лига на шампиони Седумка за „Црвените“, Наполи и покрај ветувањето од Сити остана со поткусени ракави (ВИДЕО)

Седумка за „Црвените“, Наполи и покрај ветувањето од Сити остана со поткусени ракави (ВИДЕО)

Фејнорд славеше против Наполи, кој очајно тргна по триумф за евентуален пласман во следната фаза од елитното натпреварување.

Во втората минута Зиелински погоди за водство на гостите, но во 33. минута Фејнорд стигна до ирамнување преку Јоргенсен. Погодокот за триумф беше постигнат во 91. минута од мечот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул благодарение на хет-трикот на Кутињо, двата погодоци на Мане, и по еден за Фирмино и Салах славеше со високи 7:0 против Спартак Москва на „Енфилд“.

Марибор и Севиља одиграа реми со по еден постигнат погодок. Таварес во 10. минута го отвори резултатот во корист на домашните, а гостите од Шпанија израмнија преку Гансо во 75. минута.

Во тензичен меч, Порто на домашен терен славеше против Монако со 5:2. Во 9. и 33. минута беше прецизен Абоубакар, а 3:0 на полувремето ги постави Брахими во 45. минута. Во вториот дел Гилк од пенал ја намали предноста на домашните, но по 4 минути Телес повторно го зголеми водството за Порто. Фалкао се запиша во листата на стрелците во 78. минута, а Соарес во 88. минута ги постави конечните 5:2.

Реал Мадрид сепак запиша последни три бода во групната фаза, откако славеше над Борусија Дортмунд со 3:2. Мајорал и Роналдо во само четири минути донесоа двојна предност за Кралевите, а истата ја намали Обамејанг пред полувремето. За Милионерите, Обамејанг повторно беше прецизен во 49. минута, а конечниот резултат го постави Лукас во 81. минута.

Манчестер Сити на гостински терен загуби од Шахтјор со 21. Бернард и Исмаили беа стрелци за домашниот состав во првиот дел, а единствениот гол за гостите го постигна Агуеро во 92. минута.

Тотенхем во не толку возбудлив меч славеше над Апоел со 3:0. Стрелци на погодоците беа Љоренте во 20., Сон Мин во 37. и Н’Куду во 80. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …