Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски доби отказ: Работнички има нов тренер

Седлоски доби отказ: Работнички има нов тренер

По само четири месеци и тоа од кои два беа пауза, Работнички се раздели со тренерот Гоце Седлоски.

Заминувањето на Седлоски може да се каже и дека е очекувано бидејќи Работнички на 11 натпревари под негово водство победи само на две средби и двапати одигра нерешено, останатите натпревари ги загуби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.

Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери“, објави клубот од Дебар Маало.

Веднаш по разделбата со Седлоски Работнички објави и дека нов тренер ќе биде Горан Станиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …