Дома Македонски спорт Седлоски главен кандидат за тренер на Динамо Загреб?

Седлоски главен кандидат за тренер на Динамо Загреб?

Од пред некоја недела поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, би можел да седне на клупата на Динамо Загреб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, управата на хрватскиот клуб е разочарана од резултатите на сегашниот тренер Марио Цвитановиќ кој не успеа со клубот да се избори за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Динамо Загреб сосема неочекувано беше елиминиран од албанскиот претставник Скендербег.

Токму поради тоа Цвитановиќ се наоѓа пред отказ, а како еден од неговите потенцијални наследици се споменува Гоце Седлоски.

Во Динамо сметаат дека токму Седлоски е еден од главните „темели“ на успехот на Вардар кој се пласираше во Лигата на Европа, тие го истакнуваат и исфрлувањето на Малме, како и победата против Копенхаген на домашен терен.

Од друга страна Седлоски не ја отфрли можноста да го превземе Динамо, но додаде дека клубот веќе си има тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…