Тимот на Шкупи послеа пауза од една година викендов се врати во Чаир и во овој натпревар го совлада Борец со 3:0. Головите за чаирчани ги постигнаа Матеј Цветаноски и Сандеј Адетунџи (два).
Стратегот Гоце Седлоски е задоволен од прикажаното на неговиот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во првото полувреме игравме она како што сакам да игра Шкупи. Во второто во првите 10 минути не бев задоволен, Борец тогаш создаде неколку прилики за гол. Ние пропуштиве два-три 100% кои требаше да ги реализираме. Им благодарам на фановите за фантастичната атмосфера. Сега ќе се подготвуваме за мечот во Купот на Македонија, очекувам и таму да го прикажеме најдоброто“, изјави Седлоски.
После седум кола Шкупи со 14 освоени бодови се наоѓа на врвот.