Дома Трансфер зона Сега се е јасно: По гласините за Озил се огласија од Фенербахче

Сега се е јасно: По гласините за Озил се огласија од Фенербахче

ozil

Не требаше долго да се чека за да се огласи и Фенербахче по пишувањата за евентуален трансфер на Озил.

Германскиот фудбалер со недели се поврзува со заминување од Арсенал чиј дрес го носи од 2013. година, а угледниот „Sky Sports“ како следна станица во кариерата го најави Фенербахче.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од претходно е познато дека тимот од Истанбул бара искусен играч за врска, но се испостави дека во овој момент Озил, сепак, е голем залак за Канаринците. Тоа се потврди и со соопштение за медиумите.

„Озил во својата кариера успешно ја претставуваше нашата земја во странство (неговото потекло е турско). Сепак, не испративме никаква понуда, такво нешто не е возможно со оглед на економската ситуација“, стои во соопштението.

Потсетувме, Озил во моментов во Арсенал заработува 350,000 фунти неделно, а договорот му важи до 2021. година. Во својата кариера настапуваше за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…