Вестите кои доаѓаат од Фудбалскиот сојуз на Бразил тврдат дека Дани Алвеш нема да може да се опорави за Мундијалот и дефинитивно нема да патува во Русија.
Дани Алвеш се повреди на финалето од Купот, а станува збор за оштетување на вкрстените лиганети од коленото. Иако, нема да му биде извршена операција, шансите да се опорави до Светското првенство се практично невозможни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Докторот на репрезентацијата го посети во Париз и после деталните прегледи заклучи дека нема шанси да се опорави до почетокот на Светското првенство.
Ова сигурно ќе биде голем удар за Бразил бидејќи Алвеш е еден од најискусните и имаше сигурно место меѓу 23-та фудбалери во списокот на селекторот Тите.