Дома Фудбал Сега и потврдено: Барселона не е далеку од банкрот!

Сега и потврдено: Барселона не е далеку од банкрот!

Веќе е јасно дека Барселона е во катастрофална ситуација. Сега имаме и официјална потврда.

Годишниот финансиски извештај кај каталонскиот гигант пкажува дека долгот на Барселона изнесува милијарда и 173 милиони евра, а од нив дел се краткорочни долгови. Каталонците треба да вратат 730 милиони евра до крајот на годината.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голем проблем е што Барселона не може и не се знае до кога нема да може да смета на приходите од влезниците и претплатите, како и заработката поврзана со одигрување натпревари и посети на стадионот, додека приходите од продажба на сувенири е значително намалена.

Објавата на финансискиот извештај е само уште еден во низата удари кои Барселона ги претрпува во овој период. Клубот планираше дел од долгот да врати продажбата на влезнивите. Барселона очекуваше до крајот на сезоната на тој начин да заработи 56 милиони евра. Меѓутоа бидејќи се уште се на сила мерките поради пандемијата со короонавирусот тие бројки прашање е какви ќе бидат.

Барселона не може и кој знае колку да заработи со продажба на играчите. Освен Ансу Фати кој е повреден и нема да игра два месеци, нема играчи кои можат нешто значитлно да придонесат. Трите најскапи засилувања во клубот ја изгубија вредноста од кога дојдоа (Кутињо, Дембеле, Гризман). Продажба на Меси повќе не е опција затоа што му завршува договорот.

Со еден збор тешка задача ќе има новиот претседател да ја врати Барселона на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…