Дома Фудбал Лига на шампиони Сега и официјално: Кристиано Роналдо најдобар фудбалер во Европа!

Сега и официјално: Кристиано Роналдо најдобар фудбалер во Европа!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо и официјално беше избран за најдобар фудбалер, во Европа за минатата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кристиано Роналдо ги победи во трката за најдобар фудбалер своите двајца главни конкуренти, голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон и големиот ривал од Барселона Лионел Меси.

Покрај наградата за најдобар фудбалер, сосема очекувано Роналдо претходно беше прогласен и за најдобар напаѓач во Лигата на шампионите, додека Џанлуиџи Буфон кој не стигна до титулата најдобар фудбалер во Европа ќе мора да се задоволи само со признанието за најдобар голман во Лигата на шампионите.

Во новата сезона во Лигата на шампионите, Роналдо со Реал Мадрид ќе игра во групата Х, заедно со Борусија Дортмунд, Тотенхем и Апоел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …