Дома Фудбал Останато Сега е јасно: Дибала и Меси НЕ можат да бидат соиграчи!

Сега е јасно: Дибала и Меси НЕ можат да бидат соиграчи!

Приоритетите сега се познати, но и стана многу појасно што се случувало во текот на летото.

Паоло Дибала може да биде наследник, но никогаш соиграч на Меси. Тие двајца се премногу слични за да би биле соиграчи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако многумина ќе кажат дека не е тешко да се направи тандем од двајца велемајстори во репрезентацијата на Аргентина тоа се покажа како невозможно.

„Гаучосите“ сега се во тешка ситуацијата, мораат да го задржат барем петото место, наредната ноќ тие играат против Перу, а потоа во вторник ги очекува натпревар против Еквадор. Ако останат на оваа позиција ќе играат бараж за Мундијалот против Нов Зеланд во ноември. Но Аргентинците сигурно би сакале да бидат четврти и пласманот во Русија да го обезбедат директно.

Селекторот Сампаоли искрено проговори за она што се молчи.

„Немам време да мудрувам околу Дибала и Меси. Ќе игра Меси, мораме да се пласираме на Мундијалот. Не можам сега да размислувам дали би можел создадам тандем од нив двајца, се обидов и изгубивме бодови. Сега не е време, за експерименти. Меси постигнува голови во Барса во фантастична форма е и ќе има целосна слобода во нападот, тоа е најсигурното решение“, изјави новиот селектор на Аргентина.

После оваа изјава можеби и јасно зошто Барселона повеќе сакаше да го доведе Фелипе Кутињо отколку Дибала, а ниту самиот Дибала не беше расположен за трансфер во Барселона бидејќи знаеше каква е ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…