Дома Фудбал Останато Сега е потврдено: Мурињо се враќа – откри и кога!

Сега е потврдено: Мурињо се враќа – откри и кога!

morinho

Португалецот наскоро ќе се врати на големата сцена.

Жозе Мурињо во овој момент ужива во работата стручен коментатор на фудбалските случувања на телевизијата „Русија Денес“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо пред крајот на минатата година го раскина договорот со Манчестер Јунајтед кој тоа „дебело“ го плати.

Откако Мурињо го напушти „Олд Трафорд“ се поврзуваше со бројни европски клубови, но изгледа не сакаше да се впушта во неизвесни авантури сред сезона.

Сега за шпанските медиуми Мурињо откри дека ќе се врати во фудбалот, потенцираше и кога тоа ќе се случи. Според неговите зборови на клупата на некој клуб ќе го видиме во најдоцна до јуни.

„Ова е една моја кратка фаза од животот кој се надевам ќе заврши најдоцна до јуни, сакам да знам што другите би направиле во одредени ситуации. Сега не се фокусирам на себе, туку ги анализирам другите“, гласеше изјавата на Мурињо за шпанските медиуми.
Каде би се вратил?

Мурињо се поврзуваше со неколку свои поранешни клубови Реал Мадрид, Интер и Челзи. Во овие моменти најнесигурна е работата на Маурицио Сари во таборот на „сините“, а во нешто подобра ситуација можеби се Солари во Реал и Спалети во Интер.

Треба да се потсети и дека неодамна италијанска „Газета дело Спорт“ објави дека Муруњо бил на состанок со спортскиот директор на „нероаѕурите“, Џузепе Марота.(тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Бразил фудбалот може да биде стопиран

Бразилското министерство за Спорт побара од фудбалската конфедерација на Бразил да се прек…