Голем број италијански медиуми вчеравечер пренесуваа вест за средба на спортскиот директор на Интер Џузепе Марота и Жозе Мурињо.
Мурињо неодамна ја заврши својата авантура во Манчестер Јунајтед и многу брзо може да пронајде нов ангажман – во Интер!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На „Чизмата“ се пишува дека Мурињо и Марота денес ќе имаат состанок. Причините не се наведуваат меѓутоа јасно е за што се работи.
Лучијано Спалети полека ја губи довербата поради лошите резултати и никој не верува дека може уште долго да се задржи во Милано. Со Интер се поврзуваше Антонио Конте, меѓутоа од вчера фаворит за клупата на „нероаѕурите“ е Мурињо.
Доколку Мурињо седне на клупата на Интер тоа ќе биде негов втор мандат во клубот со кој во 2010 година освои се што може да се освои: Лига на шампиони, Серија А и Куп на Италија.
Нема сомневање дека навивачите со задоволство ќе го прифатат, а дека Жозе се уште е поврзан со Интер покажа кога во Лигата на шампионите оваа сезона кога со Јунајтед го победи Јувентус и ги провоцираше навивачите на „старата дама“.