Капитенот на Реал, Серхио Рамос речиси сигурно на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
Одличниот стопер одамна не се согласува со претседателот Флорентино Перез, а причината која ја „скрши чашата“ е можното враќање на Жозе Мурињо. Шпанскиот репрезентативец поради тоа сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а во игра за неговиот трансфер се појави Милан. Гигантот од Италија сака да го засили тимот, особено доколку избори пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, „Росонерите“ добија неочекувана конкуренција, која многу тешко ќе успее да ја совлада. Имено, според пишувањето на италијанските медиуми, Јувентус подготвил огромна понуда за Рамос и Реал Мадрид за да го доведе одличниот стопер во своите редови следното лето.
? It’s been reported that on Tuesday, Sérgio Ramos told Real Madrid President Florentino Perez “Pay me up and I’ll go” in a dressing room bust up
Imagine how much worse Real Madrid will be without Ramos ? pic.twitter.com/Dt0sItfFyJ
— ODDSbible (@ODDSbible) March 7, 2019
Со оглед дека најистакнат кандидат за клупата на Реал повторно е Жозе Мурињо со кого Рамос не е во добри односи, веројатноста за реализација на овој трансфер дополнително се зголеми. Се разбира, не треба ниту да се спомене колку би значело влијанието на Роналдо доколку има некакви дилеми околу самите преговори.
Серхио Рамос по испаѓањето од Ајакс во Лигата на Шампионите, наводно, им викал на соиграчите, а паднале и тешки зборови кон претседателот Перез, така да по доведувањето на Роналдо и веројатно и договорениот Марсело, „Старата дама“ многу лесно би можела да доведе уште едно големо име во соблекувалната.
Така, во Торино би имало собир на големи ѕвезди од Реал…