Дома Топ вести Сега е ГОТОВО: „Ѓаволите“ го потврдија најголемиот трансфер!

Сега е ГОТОВО: „Ѓаволите“ го потврдија најголемиот трансфер!

Се е завршено, Ромелу Лукаку се сели на „Олд Трафорд“.

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Ромелу Лукаку. Клубот се огласи со официјално соопштение и го потврди најголемиот траснфер во досегашниот дел од преодниот рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на Евертон ќе му исплати 85 милиони евра плус 17 милиони преку бонуси, но и ќе го врати Вејн Руни на „Гудисон Парк“.

Кога се ќе се собере, 100 милиони евра заедно со бонусите и трансферот на Вејн Руни во спротивнен правец ова е нов рекорд на трансфер пазарот кој повторно го поставува Манчестер Јунајтед, после доведувањето на Пол Погба минатото лето.

Да потсетиме, Лукаку веќе го најави својот трансфер во разговор со еден навивиач и нема сомневање дека ова ќе биде најголемото засилување за Жозе Мурињо ова лето.

Островот во транс: Дали Лукаку го потврди својот трансфер? (Фото)

Од друга страна сега ќе биде интересно да се види одговорот на Антонио Конте кој го сакаше Белгиецот во своите редови. Италијанецот веќе е бесен на управата поради пасивноста на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…