Дома Трансфер зона Севиља „краде“ Аргентинец пред носот на Милан и Интер

Севиља „краде“ Аргентинец пред носот на Милан и Интер

Аргетинскиот интернационалец Родриго де Паул игра фантастична сезона во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Де Паул оваа сезона на 13 настапи за Удинезе постигна 6 гола и запиша 3 асистенции, а станува збор за крилен напаѓач кој може да игра и како офанзивен играч за врска.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговите добри партии му донесоа повик за аргентинската репрезентација, но и интерес од многу големи клубови ширум Европа.

Покрај интересот на Милан и Интер, во трката за неговиот потпис се вклучи и Севиља која е спремна да понуди 16 милиони евра во зимскиот преоден рок.

Де Паул веќе има искуство во Шпанија бидејќи настапуваше за Валенсија каде запиша 44 настапи, но својата фудбалска афирмација ја доживеа во Серија А.

Се очекува миланските гиганти да реагираат со понуди, во спротивно Аргентинецот може да заврши во Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…