Дома Фудбал Лига на шампиони „Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

„Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

ПСЖ го освои „Олд Трафорд“, фаворитите  немаа проблем вечерва во Лигата на шампиони.

Гостите од Париз подобро го отворија мечот и уште во 7-та минута дојдоа до предност со голот на Нејмар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мбапе направи „слалом“ и биеше кон голот, топката се одби до Бразилецот кој постигна прекрасен погодок. Потоа следуваше период на Манчестер Јунајтед, а Рашфорд израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме подобро влегоа домаќините, но Марсијал промаши празен гол, а Кавани имаше пречка. Неискористените шанси ги казни ПСЖ, кој поведе со голот на Маркињос, а конечните 1:3 ги постави Нејмар.

Челзи запиша највисока победа вечерва на гостувањето кај Севиља со 4:0 и сите четири гола ги постигна Оливие Жиру.

Јувентус против Динамо Киев и Барселона против Ференцварош победија со идентични 3:0.

Дортмунд и Лацио ги поделија бодовите со конечни 1:1, а во истата група Бриж го совлада Зенит со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…