Дома Фудбал Сањол: Моите играчи се спремни да го направат тој историски чекор за Грузија!

Сањол: Моите играчи се спремни да го направат тој историски чекор за Грузија!

Грузија денес забележа сигурна победа против Македонија од 0:3 и со овој триумф се стави себеси во одлична позиција на табелата.

На табелата Грузија има девет бода, Македонија е второпласирана со четири и ќе биде тешко да ги надополниме тие бодови. Селекторот Вили Сањол смета дека неговите играчи се спремни да го направат тој историски чекор и за првпат преку баражот (доколку бидат први во групата) да обезбедат пласман на еден голем турнир.

„Ако ја погледнеме последната година, формата беше промнелива. Во септември имавме повредени играчи и изгубени натпревари. Тешко е да се каже што ќе се случува во иднина, многу зависи од играчите како ќе се наметнат. Јас можам да ја поставам тактиката, но не можам да трчам место нив, не можам да постигнам гол…Она што можам да ви го кажам е дека се амбициозни да го направат тој следен чекор“, изјави Сањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед во криза каква што не памети 39 години: Карик не прифаќа дека се збогувал

По домашните 0:3 против Борнмут, иднината на Мајкл Карик е под прашалник. Тренерот тврди д…