Дома Македонски спорт Сањол: Задоволен сум од победата, но не и од првите минути

Сањол: Задоволен сум од победата, но не и од првите минути

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грузија денес во Тбилиси ја победи Македонија со 2:0 и така си ја потврди првата позиција во групата.

Резултатот не е некоја слика на она што се случуваше на теренот затоа што Македонија беше подобрата репрезентација и создадовме прилики кои не успеавме да ги реализираме.

Селекторот на Грузија, Сањол на прес-конференцијата после натпреварот.

„Прво да им честитам на играчите и федерацијата за овој успех, ова е голем чекор напред. Имавме план да ја оставиме топката во посед на Македонија и да се адаптираме на формацијата на Македонија. После првиот гол нашите играчи се чувствуваа многу полесно“.

„Имаше моменти кога беа подобри на теренот. Среќен сум со победата, иако не сум многу со првите минути. Важен ни е следниот меч за да влеземе во баражот со повеќе бодови“, изјави Сањол.

Грузија во последното коло во натпревар во кое за нив нема некое посебно резултатско значење бидејќи се сигурно први ќе игра против Гибралтар кој е последен на табелата. Македонија ќе потсетиме во Скопје в понделник ќе ја пречека Бугарија од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тажна вест: Македонскиот спорт остана без легендарниот Срцка

Македонската спортска сцена денеска остана без една од своите најпознати и најпрепознатлив…