Луис Саха открива до сега непознати работи од соблекувалната на Манчестер Јунајтед.
Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ зборуваше за Руд Ван Нистерлој и Кристиано Роналдо и откри работи кои до сега не и беа познати на јавноста. Руд Ван Нистерлој играше во златната ера на клубот под водство на Ферги.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кон мене Руд секогаш беше фин, можеби имаше проблем со изборот на тренерот, но лично со мене никогаш. Беше опседнат со голови и јас тоа го почитувам“, започна Саха.
Ван Нистерлој во една ситуација го расплакал Роналдо поради кој веројатно не се сложувал најдобро со Фергусон.
„Руд имаше такво его, сакаше сите пасови да одат кон него. И некогаш поради развојот на Кристиано Роналдо и Вејн Руни, на менаџерот му беше тешко со нив. Дали Руд го расплакал Роналдо? Да, имаше таков момент. Мислам дека двајцата се расправаа баш кога почина таткото на Кристиано, не беше вистински момент. Сигурен сум дека Руд жали за некои зборови кои ги кажа“, зборуваше Саха.
Кристиано?
„Кристиано беше животно. За него не можеше да кажеш дека беше како секој. Се виде кога имаше 18 или 19 години дека дечкото не е нормален. Таквите играчи веднаш сфаќаат дека се е до тоа да тренираш, дека не е само талентот. Ниту најдобрите тенисери не го удираат топочето поинаку од останатите. Само тренираат повеќе од останатите, тоа го правеше и Кристиано“.
На крајот Сер Алекс морал да избере некој. Иако тогаш се зборуваше дека Ван Нистерлој заминал поради Саха кој од 2004 до 2008 година постигна 42 гола за Манчестер Јунајтед, Французинот тврди дека тоа не било така.
„Знам дека луѓето зборуваат дека јас сум го избркал од клубот, но тоа се глупости. Тој беше премногу добар играч. Само имаше проблем со тренерот. Јас можеби бев доволно добар да останам бидејќи тренерот во мене виде добра замена. Но, можев да играм и со Ван Нистерлој“, заврши Саха.