Репрезентацијата на Англија денес ја декласираше Панама со 6:1, но селекторот Герет Саутгејт ги изненади сите со изјавата после мечот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Како целина не ми се допадна нашето претставување денес. Не ми се допадна почетокот и како дозволивме да примиме гол, но одредени делови од мечот беа навистина добри“, изјави Саутгејт.
„Знам дека сим многу критичен, но мислам дека многу брзавме на почетокот. При резултат 5:0 зборувавме да постигнеме уште еден гол за да бидеме на прво место во групата, па затоа примениот гол е разочарувачки“, додаде селекторот на Англија.
Англија и Белгија имаат по 6 бода после две одиграни кола, па меѓусебниот дуел ќе одреди кој ќе биде победник во групата.