Претседателот на Сасуоло, Џовани Карневали откри дека Барселона била заинтересирана за Стефано Сенси ова лето.
Младиот плејмејкер ова лето се пресели во Интер за сума од 25 милиони евра и пружа феноманелани партии.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога бев во Барселона за преговорите со Марлон, еден од директорите на Барса се распрашуваше за Сенси. Тие беа заинтересирани за него, но Интер беше побрз“, откри Карневали.
„Кога се вратив од Барселона го постигнавме договорот после кратка средба со Интер, на која присуствуваше и Антонио Конте. Следниот понеделник уште еден европски гигант требаше да испрати понуда за Сенси, но Интер беше најбрз“, додаде престедателот на Сасуоло.
#Sassuolo boss reveals how #Inter beat #Barcelona to signing of #Sensi https://t.co/mlChGdZmZR pic.twitter.com/udosLJ2TcP
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) October 17, 2019