Најпознатиот спортски весник „Газета дело Спорт“ тврди дека Јувентус оди на се или ништо во операцијата на Џанлука Скамака од Сасуоло.
Сасуоло за својот напаѓач бара 40 милиони евра, меѓутоа Скамака е желба на повеќе клубови, но според најавите Јувентус е во пол-позиција. Јувентус му понудил двегодишен договор со позајмица за откуп со што Сасуоло низ тие две години би ги заработил посакуваните 40 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Скамака има два настапи за репрезентацијата на Италија, а сезонава на 19 натпревари постигна шест голови. „Трансфермаркт“ го проценува на 15 милиони евра.