Фудбалерите на Јувентус утре играат на свој терен против Џенова во натпревар од 10. коло од италијанската Серија А.
„Старата дама“ минатиот викенд ремизираше во гости против Лече (1:1) во натпревар во кој не беше Роналдо. Но, по краткиот одмор, Португалецот утре би требало да заигра од првата минута. Тренерот Сари потврди дека Пјаниќ и Игуаин веројатно ќе го пропуштат натпреварот поради повреда. Сепак, двајцата би требало да се вратат во тимот следниот викенд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Пјаниќ нема повреда како што се мислеше, но ќе видиме како ќе биде. Вчера не беше во состојба да тренира и нема да ризикуваме. Игуаин доби удар во главата и исто така не тренираше. Сепак, ќе видиме по тренингот и ќе одлучиме кој ќе игра утре“, изјави Сари.
Даглас Коста се враќа во екипата откако што беше надвор од теренот повеќе од месец дена.