Tренерот на Јувентус, Маурицио Сари е задоволен што Кристиано Роналдо денес ја продолжи голгетерската серија.
Португалецот во победата над Фиорентина од 3:0 постигна два гола од пенал и дојде до вкупно 50 во дресот на „старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така за Португалецот ова беше деветти натпревар во низа во кој постигнал гол со што го изедначи рекордот на Давид Трезеге.
„Да, тоа е навистина важно. Неопходно е Роналдо да постигнува голови во континуитет. Таквите работи го држат во добра псисхичка состојба. Тој прави работи кои носат разлика на теренот. Од него очекуваме и повеќе“, изјави Сари.
Јувентус сега е лидер со пет бода повеќе од второпласираниот Лацио кој има и натпревар помалку. Интер кој својот натпревар го игра вечерва против Удинезе е трет со еден бод помалку од Лацио и шест од Јувентус.