Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари денес зборуваше за медиумите пред натпреварот со Локомотив Москва.
Италијанскиот стратег одговораше на многу прашања, а најмногу зборуваше за Кристиано Роналдо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Едно од прашањата беше: Што тренирањето на Роналдо значи за Маурицио Сари.
„Еден вид на гордост. Покрај квалитетот, тој има неверојатен менталитет. Има способност да припрема голови за сите. Не сака да застане, сега постигна 700 гола, а веќе мисли на 800. Неговата мотивација е заразна и добра за целиот тим. Тој е еден од играчите кој ја покажува разликата помеѓу шампионите и просечниот фудбалер. Навистина таквиот негов карактер е многу важен и за мене како тренер и за целиот тим“, изјави Сари.
Потоа доби и прашање за Игуаин.
„Игуаин имаше многу потешкотии минатата сезона. Пред стартот на сезоната сакаше да покаже дека вреди и неговите добри настапи се последица на таа желба“, смета стратегот на италијанскиот шампион.