Tренерот Јувентус Маурицио Сари смета дека е премногу рано да се истакнат само Јувентус и Интер како единствени кандидати за Скудетото.
После победата над градскиот ривал Торино, Јувентус е прв на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Интер и седум повеќе од Рома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се уште во игра 81 бод, а можеби и Аталанта има нешто да каже. Мислам дека е прерано да се зборува за такво нешто. Ги разбирам новинарите дека им е поинтересно лигата да ја претстават како судар на два тима, но многу е рано да се носат такви констатации“, изјави Сари па даде свој коментар за натпреварот.
„Ова беше тешко дерби со висок интезитет. Таквите натпревари не се погодни за нас, но одигравме добро и среќен сум што победивме. Тренерот мора да биде задоволен кога неговиот тим ќе одигра со карактер, како што беше случај денес“, порача италијанскиот стратег.