Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари очекува неговиот тим да се врати на победите и во Серија А, откако со триумф ја заврши групната фаза од Лигата на шампиони.
„Натпреварот со Баер немаше резултатска важност за нас, но беше важен за враќање на самодовербата во тимот. Покажавме дека не изгубивме концентрација, по поразот од Лацио во првенството. Тој „кикс“ не не исфрли од колосек. Благодарен сум на тимот што одигра добро, и покрај голем број промени во составот. Сега ни преостанува да одиграме добро на следниот меч, против Удинезе викендот“, изјави Сари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Што се однесува до ждребот во осминафиналето од Лигата на шампиони, Сари изјави дека посакува дуел со Мурињо.
„Имав честа да го запознаам Мурињо и многу го респектирам. Ќе биде вистинско задоволство да играме против него, иако ќе биде многу тешко“, истакна Сари.