Дома Фудбал Италија Сари во европските натпревари „брка“ рекорд на Сер Алекс Фергусон

Сари во европските натпревари „брка“ рекорд на Сер Алекс Фергусон

На Маурицио Сари изгледа му „лежат“ европските натпревари.

Јувентус вечерва гостува кај Локомотив во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите и доколку „бјанконерите“ забележат нов триумф би обезбедиле пласман во наредната фаза од натпреварувањето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во таков случај следните два натпревари би немале резултатско значење, но Сари ќе има за што да се бори.

Стратегот на Јувентус веќе ја држи „титулата“ кога во прашање се италијанските тренери како човек кој нема пораз веќе 19 натпревари во низа во Европа (Лигата на шампионите и Лигата на Европа).

Сари минатата сезона го водеше Челзи до титулата во Лигата на Европа, додека оваа сезона со Јувентус има учинок од две победи и еден нерешен натпревар. Рекордер е Сер Алекс Фергусон кој со Манчестер Јунајтед имаше серија од 25 натпревари без пораз.

Вечерва Сари може да го стигне Луис Ван Гал кој со Ајакс успеа да биде непоразен на 20 европски натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…