Фудбалскиот клуб од Босна, ФК Сараево во своите редови доби нов Македонец.
Во Сараево веќе настапува Крсте Велковски, а сега него му се придружува и напаѓачот кој своевремено го носеше дресот на битолски Пелистер, Марјан Алтипармаковски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алтипармаковски денес беше претставен во Сараево и го искажа своето задоволство.
„Доаѓам во голем клуб и поради тоа ова за мене е вистински предизвик. Со напорна работа се надевам дека ќе му помогнам на клубот“, изјави Алтипарамаковски на претставувањето.
Македонецот во редовите на босанскиот клуб пристинува од Судува од Литванија.
Од трансферот на Алтипармаковски беше задоволен и Велковски.
„Марјан има одличен карактер и знам дека ќе даде се од себе за овој клуб“, изјави Велковски.