Дома Фудбал Лига на шампиони Сан Паоло ќе блесне: Анчелоти и Клоп со најсилните можни состави во новата сезона од ЛШ!

Сан Паоло ќе блесне: Анчелоти и Клоп со најсилните можни состави во новата сезона од ЛШ!

Со првите натпревари од групната фаза вечерва Лигата на Шампионите конечно се враќа по неколку месеци пауза.

Минатата сезона ни понуди спектакуларни натпревари, а во оваа се очекува уште повеќе спектакл кој може да понуди само оваа ЛШ. Титулата шампион ја брани екипата на Ливерпул која вечерва ја очекува тешко гостување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, екипата на Јирген Клоп гостува во Наполи која минатата година ја исфрли во групната фаза. Со победата против Наполи екипата на Ливерпул избори пласман во нокаут фазата и подоцна дојде до самиот крај.

Јасно е дека вечерва не очекува спектакуларен натпревар, бидејќи Наполи и Ливерпул играат офанзивно. Се очекува Анчелоти и Клоп на теренот да излезат со најсилните состави и сигурно дека „Сан Паоло“ ќе биде исполнет до последното место.

Италијанските и англиските медиуми веќе ги објавија составите кои најверојатно Наполи и Ливерпул ќе го започнат натпреварот. Анчелоти и Клоп не ги кријат своите карти и јасно е дека сакаат со победа да го започнат натпреварувањето.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ НА НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Манолас, Кулубали, Гулам, Калехон, Алан, Фабиан, Инсиње, Мертенс, Лоренте.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ НА ЛИВЕРПУЛ: Адриан, Александер-Арнолс, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Фирмино, Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…