Иднината на свездата на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо е неизвесна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде ја оживеа кариерата, па се врати во Јунајтед.
Англичанецот ги започна подготовките со „црвените ѓаволи“, а силно се шпекулира дека ова лето повторно ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Санчо е во лоши односи со тренерот Тен Хаг, кој пак е спремен да му даде нова шанса во тимот.
„Како што рековме, подвлековме линија под сњ, На Манчестер Јунајтед му се потребни добри играчи, а Џејдон дефинитивно е таков. Продолжуваме понатаму“, изјави Тен Хаг.
Санчо има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, со опција за продолжување на уште една година.