Дома Фудбал Санчо и Рашфорд отпаднаа од составот на Англија

Санчо и Рашфорд отпаднаа од составот на Англија

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери кои се повикани за престојните натпревари со Италија и Германија во Лигата на нации.

Во составот има еден дебитант, а станува збор за напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. 26-годишниот напаѓач доби прв повик за англиската репрезентација.

Најголемо изненадување е секако отсуството на Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, кои играат добро од почетокот на сезоната.

Од друга страна Хари Мегваер и Лук Шоу се најдоа во составот и покрај фактот што не играат редовно за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…