Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо ова лето ќе биде една од главните теми на шпекулации околу летниот трансфер период.
Санчо пред три години од Манчестер Сити пристигна во Борусија Дортмунд и тоа за него беше полн погодок. Овој 20-годишен фудбалер воодушеви со своите игри во дресот на германскиот тим и се најде на мета на многу европски великани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во последниот период Санчо најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но се чини дека од тоа нема да биде ништо бидејќи Дортмунд за него постави цена од 120 милиони евра.
Сепак, на крајот од сезоната може да дојде до голем пресврт. Имено, англиските медиуми синоќа објавија дека Сити сака да го врати Санчо во своите редови, односно дека Пеп Гвардиола го побарал уште пред неколку месеци.
Дејли Стар пишува дека Санчо открил на своите блиски пријатели дека преговара со Сити околу враќање во клубот и со тоа ги изненадил сите поради фактот за начинот на кој Граѓаните лесно се откажаа од него.
Санчо во Дортмунд пристигна за осум милиони евра, а сега Сити за својот поранешен играч може да плати преку 100 милиони евра.