Дома Трансфер зона Санчез се враќа во Италија, но само ако прифати помала плата

Санчез се враќа во Италија, но само ако прифати помала плата

Јувентус ќе му предложи на Алексис Санчез шанса да ја „оживее“ својата кариера и ќе се обиде да го донесе во своите редови.

Минатиот јануари Санчез се пресели во Манчестер Јунајтед, но не се снаоѓа најдобро на „Олд Трафорд“ и е само бледа сенка на оној играч што беше во Арсенал и Барселона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Санчез во моментов е најплатен фудбалер во Премиер лигата и неделно заработува 500.000 фунти, па „црвените ѓаволи“ сакаат по секоја цена да се ослободат од него.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ќе се обиде да го донесе само во случај Санчез да прифати помала плата од актуелната.

Чилеанецот има договор со „црвените ѓаволи“ на уште три години, но во последните 14 месеци на „Олд Трафорд“ не покажа ништо, па ќе мора да ја промени средината за да ја врати добрата форма.

Доколку прифати помала плата, Јувентус и Јунајтед лесно ќе се договорат за трансферот, а Санчез во Торино ќе игра заедно со својот поранешен соиграч од Арсенал, Арон Рамзи кој веќе потпиша за „старата дама“.

https://youtu.be/Iw01ggwplJA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…