Дома Трансфер зона Санчез добива понуда да се врати во Премиер лигата?

Санчез добива понуда да се врати во Премиер лигата?

Aлексис Санчез оваа зима многу веројатно ќе го напушти Интер, а според последните информации од медиумите Чилеанецот има понуда од Евертон.

Англиските медиуми откриваат дека Евертон спрема понуда за Санчез. Рафа Бенитез сака да ја засили конкуренцијата во нападот, па покрај Санчез се споменуваше и Лингард. Санчез не е стандарден ниту кај Симоне Инзаги и најавите се дека Интер ќе прифати раскинување на договорот за да се ослободи од неговата голема плата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа сезона Санчез одигра само пет натпревар и има една асистенција. Сепак, во тие пет натпревари собра само 85 минути затоа што влегуваше од клупата. Имаше проблеми и со повреда, но и кога е спремен за игра не добива повеќе од 15-20 минути.

Понудата од Евертон би можела да биде привлечна за Санчез кој така би се вратил во Премиер лигата каде што најмногу се прослави во дресот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…