Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош на прес-конференцијата пред четвртфиналето против Мароко најмногу зборуваше за ситуацијата со Кристијано Роналдо и наводната негова закана за заминување од Светското првенство.
Вчера Португалската федерација ги демантираше таквите информации, а денес тоа го демантираше селекторот на Сантош.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нормално, дека не беше задоволен што беше резерва. Затоа разговарав со него и му ги објаснив работите, но покажа почитување. Се однесуваше како капитен и во ниту еден момент не се закани со заминување. Не треба да се фокусираме само на Роналдо, на клупата се однесуваше капитенски и ги поддржуваше соиграчите“, изјави Сантош.
Доби прашање Сантош и за ситуацијата во која Роналдо си замина прв во соблекувалната додека останатите ја славеа победата.
„Прв ги поздрави фановите, па затоа и прв се упати во соблекувалната“, истакан португалскиот селектор.