Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош јавно го критикуваше Кристиано Роналдо за неговата реакција кога беше заменет против Јужа Кореја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо го покажа своето незадоволство кога излегуваше од игра, а камерите го уловија како говори: „Тој брза да ме замени“.
„Ќе повторам, на теренот не слушнав што ми кажа, бев доста далеку од Роналдо и само слушнав дека дискутира со играчот на Кореја. Потоа ги видов снимките и тоа не ми се допадна. Не ми се допадна ништо од тоа, но вртиме страна и продолжуваме напред. Овие теми се решаваат интерно и сега сме насочени само на утрешниот меч“, изјави Сантош.
Во меѓувреме во анкета дури 70% од Португалците сакаат Роналдо да биде на клупата за резерви следниот меч.