Дома Трансфер зона Сане незадоволен: Спремен да го напушти Сити!

Сане незадоволен: Спремен да го напушти Сити!

Манчестер Сити води битка со Ливерпул за титулата во Премиер лигата, но иако резултатите се одлични, сепак не е се така „розово“ во тимот на Гвардиола.

Имено, Гвардиола оваа сезона има многу проблеми со германската ѕвезда Лерој Сане.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германецот е одличен оваа сезона, постигна 15 гола и запиша 18 асистенции на 43 меча за „граѓаните“, но во последно време односите помеѓу Сане и Гвардиола се прилично ладни.

Како што пренесуваат германските медиуми, Сане донел одлука да не го продолжува договорот со Сити. Челниците му понудиле продолжување на соработката, но тој веднаш одбил.

„Нешто се промени во неговата глава, спремен е да го напушти клубот уште ова лето“, изјавија извори блиски до играчот.

Сане има договор со Сити до 2021 година, но челниците на клубот се спремни да го продадат и тоа за сума од 100 милиони евра.

23-годишниот Германец веќе се поврзува со Баерн Минхен и Јувентус, клубови кои покажуваат најсилен интерес во моментов.

Особено „загреан“ за овој трансфер е Баерн Минхен, кој сака да го врати Сане во Германија и верува дека ќе биде идеална замена за Франк Рибери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…