Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли: Разочарани сме, но ова е само почеток!

Сампаоли: Разочарани сме, но ова е само почеток!

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли логично не беше задоволен после ремито со Исланд на стартот на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Гаучостите“ иако важат за едни од фаворитите во Русија, сепак не успеаа да го победат дебитантот и делуваа неубедливо.

„Разочарани сме од резултатот бидејќи Аргентина во секој меч излегува за да победи. Противникот беше многу организиран во одбрана и не успеавме да го материјализираме поседот на топката. Меѓутоа, првенството само што започна, треба да ја научиме лекцијата и да останеме силни“, смета Сампаоли.

„Секој меч е приказна за себе, меѓутоа ни треба сериозна анализа зошто примивме гол кога имавме толку играчи во одбрана. Не можам да ја оченам веднаш играта на Меси, но за него можам да кажам дека секогаш сака да победува“, додаде селекторот на „гаучосите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фудбалер на Конго со неговите зборови за Кристијано Роналдо ја стресе планетата (Видео)

На почетокот на Светското првенство се очекуваше рутинска победа на Португалија, а наместо…