Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли објасни зошто не го повика Икарди на Мундијалот

Сампаоли објасни зошто не го повика Икарди на Мундијалот

Хорхе Сампаоли денеска го објави конечниот список на селекцијата на Аргентина за Мундијалот, а на него не се најде напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

Сампаоли неодамна го објави поширокиот список на кој беше и Икарди, но многумина беа сигурни дека напаѓачот на Интер нема да заигра во Русија. Денеска тие шпекулации се потврдија кога селекторот на Гаучосите го објави конечниот список.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Икарди оваа сезона повторно беше најдобар поединец во екипата на Интер, а заедно со Чиро Имобиле ја делат наградата за најдобар стрелец во Серија А, но тоа не беше доволно Сампаоли да го повика за СП, а денеска објасни и зошто.

„До конечниот список дојдовме после долги и сериозни анализи. На списокот се најдоа играчи за кои мислам дека го играат нашиот стил најдобро што можат. Еве на пример, го избрав Ансалди бидејќи може да игра на двете бековски позиции. Икарди, Пероти , Гомез и Мартинез нема да одат во Русија со нас, но знаеме дека се добри играчи.“- рече Сампаоли.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанската Примера се пофали со голем раст на приходите

Шпанската Ла Лига се пофали со рекорден вкупен приход од 5.69 милијарди евра за сезоната 2…