Дома Трансфер зона Само пет трансфери поскапи од можниот трансфер на Лукаку во Јунајтед

Само пет трансфери поскапи од можниот трансфер на Лукаку во Јунајтед

Белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Британските медиуми објавија дека Евертон се согласил да го продаде својот најдобар играч на Јунајтед и тоа за неверојатни 75 милиони фунти (85 милиони евра).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукаку на „Олд Трафорд“ ќе го замени Златан Ибрахимовиќ, а кога трансферот ќе се официјализира, што според британските медиуми ќе се случи во текот на денот, ќе биде шестиот најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Пред овој трансфер на листата на најскапиот ќе остане само Пол Погба (Јувентус-Манчестер Јунајтед, околку 105 милиони евра), Герет Бејл (Тотенхем-Реал Мадрид, околку 100 милиони евра), Кристиано Роналдо (Манчестер Јунајтед-Реал Мадрид, околку 94 милиони евра), Гонзало Игуаин (Наполи-Јувентус, околку 90 милиони евра) и Нејмар (Сантос-Барселона, околку 86 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…